HomeАктуелноДраматично на терен: Кузмановски со гол од ДЕСЕТ метри донесе бод за Македонија!

Драматично на терен: Кузмановски со гол од ДЕСЕТ метри донесе бод за Македонија!

Ракометарите на Македонија одиграа реми на натпреварот против Австрија 29-29 (14-13), на стартот на втората фаза на Светското првенство. Средбата во „Арена Вараждин“ се одигра пред скромна бројка на навивачи, понуди огромна борба и нашите ракометари имаа повеќе концентрација во клучните моменти за прв и важен триумф.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пред полупразни трибини, во една поинаква атмосфера, Македонија го одигра дуелот во Вараждин Арена, прв од главната рунда. Следен противник е Катар, предводен од Веселин Вујовиќ, мечот се игра за два дена.

Битката не изостана теренот ниту за оваа средба, нашите ракометари добро му парираа на противникот.

Добро прво полувреме, со мал пад во финишот за нашите ракометари. Македонија го превзема водството уште на стартот, отвори со 1-3 во петтата минута. Нашите ракометари водеа и со 2-4 и 3-5. Митревски и Кизиќ немаа многу одбрани, но истите ги забележаа во вистински време. „Црвено-жолтите“ благодарение на добрата одбрана во 16-та минута поведоа со 4-7. На другата страна Австрија набрзина врати и израмни на 7-7. Митревски со третата одбрана по крена тимот, Митев со два гола и Кузмановски со еден ги вртија највисоките плус три (7-10) во 22-та минута.

Серија на грешки ги чинеа Лазаров и неговите момци целосен кам-бек на противникот, кој во 28-та минута за првпат поведе, резултатот беше 12-11, со истата позитива Австрија замина на одморот (14-13).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.