HomeАктуелноДраматично спасување со хеликоптер: Полициски екипи извлекоа повреден војник од фронтот на пожарот

Драматично спасување со хеликоптер: Полициски екипи извлекоа повреден војник од фронтот на пожарот

Полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 денеска извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожарот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија.Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се, соопшти МВР.

Оттаму најавуваат дека активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.