HomeАктуелноДржавниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

-Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.

Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.