HomeАктуелноЕве какво време ќе имаме празничниот викенд

Еве какво време ќе имаме празничниот викенд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во наредните денови претстои период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.