HomeАктуелноЕден загинат во тешка сообраќајка кај Тајмиште

Еден загинат во тешка сообраќајка кај Тајмиште

Утрово околу 6.35 часот се случила сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира СВР Охрид, на местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопштија од полицијата.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.