HomeАктуелноЕден загинат откако возило излета од патот Кичево-Охрид

Еден загинат откако возило излета од патот Кичево-Охрид

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу еден час по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, кога патничко возило „Фолксваген Голф“, со охридски регистарски ознаки, излетало од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што сопшти МВР, возилото било управувано од А.А. (46) од село Зајас, кој починал на местото на несреќата и чија смрт ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.