HomeАктуелноЕден загинат утрово во пожар во болница

Еден загинат утрово во пожар во болница

Едно лице го загуби животот во пожарот што, од засега непознати причини, утрово изби во болницата “Папаниколау” во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Противпожарната служба на Грција соопшти дека на вториот кат од болницата било пронајдено безживотното тело на едно лице. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, пожарот е во Ковид клиниката, а сериозно се повредени двајца пациенти, додека пак останатите биле евакуирани и пренесени во други делови на болницата. Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 11 возила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.