HomeАктуелноЕднократна финансиска поддршка за сите пензионери од оваа општина!

Еднократна финансиска поддршка за сите пензионери од оваа општина!

Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната пензија како и 12.000 денари за сите нови корисници на пензија во општината.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја претстави една од најемотивните и најчовечките мерки во својата програма – финансиска и социјална поддршка за пензионерите како симбол на благодарност, почит и грижа кон генерацијата која со својот труд и знаење го изгради градот каков што го познаваме денес.

Секој пензионер чија пензија не го достинува износот на просечната пензија во државата ќе добие од Општина Центар финансиска поддршка од 7.000 денари, почнувајќи од наредната година. А, секој нов пензионер во Општина Центар ќе добие финансиска поддршка во износ од 12.000 денари.

Тоа не е само помош – тоа е порака дека ги цениме луѓето кои целиот свој живот го посветиле на работа, семејство и заедница. Пензионерите се нашите чувари на традицијата, нашата гордост, нашата меморија и нашиот компас за иднината – изјави Лабудовиќ.

Во своето обраќање тој потенцираше дека грижата за повозрасните граѓани ќе биде системски пристап, а не еднократен потег.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.