На 30.01.2023 во 03.40 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.К.(30) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред со викање и упатил закани кон Н.К.(20), С.Ј.(23) и Д.Ј.(54), сите од Охрид.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
