HomeАктуелноЕКСТРЕМНА ЖЕШТИНА ГО ЗАФАЌА РЕГИОНОТ: До 43°C во наредните денови, во недела освежување со дожд и грмежи

ЕКСТРЕМНА ЖЕШТИНА ГО ЗАФАЌА РЕГИОНОТ: До 43°C во наредните денови, во недела освежување со дожд и грмежи

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во Охрид времето денес сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.