HomeАктуелноЕлектронско издание на книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ до 10 април

Електронско издание на книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ до 10 април

Бесплатно електронско издание на книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ  до 10 април. Книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од европскиот академик д-р Миле Д. Миќуновиќ е напишана на 224 страници, со современ дизајн, колор, со 394 фотографии. Во неа е опишано 31 место од каде е фотографирано езерото. Целата обиколка на езерото заедно и со територијата во Албанија е во растојание од 101,6 km со автомобил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во книгата во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се поместени преубави – фотографии, погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде што е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани, Трпејца па врвот на планината Галичица, патот кон Св. Наум, во Албанија, Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето.

Ова е моја 116 книга и прва во електронска изведба и затоа на читателите бесплатно им ја подарувам со можност да си ја преземат во својот мобилен телефон или својот компјутер. Линкот за бесплатно преземање на книгата ќе активен од денеска 1 до 10 април. Поттик за туристите однадвор, но и за нас да направиме тура околу Езерото, вели академик д-р Миќуновиќ.

Книгата може да се преземе преку следниов ЛИНК 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.