HomeАктуелноЕрдоган: Договорот за жито продолжен за уште 60 дена

Ердоган: Договорот за жито продолжен за уште 60 дена

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации.

Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна, рече Ердоган.

Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучувајќи ја и Одеса.

Во јули минатата година го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.