HomeАктуелноЖелезничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец се уште е целосно во прекин, информираат утрово од Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од Македонски железници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Патничкиот сообраќај сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот. Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба, велат од ЦУК.

Посочуваат дека за донесените одлуки дополнително ќе информираат кога ќе добијат известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.