HomeАктуелноЖестока борба во Струга – Кој ќе биде наследникот на Мерко?

Жестока борба во Струга – Кој ќе биде наследникот на Мерко?

Зијадин Села кој го негира македонскиот јазик и идентитет, и неговиот кандидат за Струга, постојано го обвинуваат независниот кандидат за Струга, Менди Ќура дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ!

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Но, последните денови, кандидатот на Зијадин Села во Струга, Арсим Далипи, упорно ги посетува македонските села во општината — Ложани, Враништа, Моровишта и Радожда — каде што им се обраќа на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ со молба да му ја дадат поддршката?!

ВИДЕО: https://www.facebook.com/share/r/1FD3dm3M9h/?mibextid=wwXIfr

Новинарот Рувејд Идризи: Дали им се „пие кафето“ на ВМРО на Зијадин Села и Арсим Далипи во Струга?!

Видео анализа на новинарот: Рувејд Идризи

„ВМРО не го испи кафето во Хаџачино според планот…“, извадок од говорот на Зијадин Села

А денес, дали им се пие кафето на ВМРО-ДПМНЕ на Зијадин Села во Ложани, Морoвиште, Враништа, Радожда и во Струга? Нормално, кога постојат лични интереси за политички опстанок, Зијадин Села дури ја посакува и кафето на Левица и СДСМ!

Кој го потврдува тоа? Самите Зијадин Села и неговиот кандидат за Струга, Арсим Далипи, кои постојано го обвинуваат независниот кандидат за Струга, Менди Ќура, дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ!

Но, последната недела Арсим Далипи со голема динамика ги посетува македонските населени места во Струга и околината, како Ложани, Враништа, Морoвиште и Радожда, при што оди и по домовите на експоненти на ВМРО-ДПМНЕ за да ги моли за гласови!

Иронијата е јасна: Менди да го обвиниме, а гласовите на ВМРО да ги бараме за себе! /Ora24.tv

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.