HomeАктуелноЖител на Велешта изрешетан донесен во струшката болница

Жител на Велешта изрешетан донесен во струшката болница

Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примано во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.

Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.