HomeАктуелноЖител на Шпанија заработи кривична пријава во Охрид, фалсикувал деловни книги

Жител на Шпанија заработи кривична пријава во Охрид, фалсикувал деловни книги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26.02.2021 до 21.07.2021, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.