На 08.11.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров при СВР Скопје извршиле службен разговор со М.Т.(67) од Скопје.
Причина за разговорот е тоа што околу 14.30 часот со воздушна пушка пукал кон мачка домашен миленик, сопственост на Ф.Л.(22) од Скопје.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
