HomeАктуелноЗавршена е обдукцијата на телото на Вања, предадено е на семејството

Завршена е обдукцијата на телото на Вања, предадено е на семејството

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан, пренесе МКД.мк.

Четиринаесетгодишното девојче кое исчезна на 27 ноември во 7,30 часот, беше најдено убиено неколку дена подоцна.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.