HomeАктуелноЗагина брачен пар во тешка сообраќајна несреќа кај штипската населба Македонка

Загина брачен пар во тешка сообраќајна несреќа кај штипската населба Македонка

Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П..

 

Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди.

 

Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панојотова потврди дека се случила несреќа во која, како што рече, има две жртви.

 

Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот.

 

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

 

 

 

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.