HomeАктуелноЗагина 17 годишен сопатник на мотоцикл по судир со „бмв“

Загина 17 годишен сопатник на мотоцикл по судир со „бмв“

На 27.07.2023 во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека,  со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.