HomeАктуелноЗакани за бомби во пет училишта во Кавадарци, евакуирана и градинка поради непосредна близина на едно од училиштата

Закани за бомби во пет училишта во Кавадарци, евакуирана и градинка поради непосредна близина на едно од училиштата

Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Самарџиев.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев информираше дека поради непосредна близина на едно од училиштата евакуирана е и градинка.

„Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се  учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново,  С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци, С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров” и  С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.
Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни.“, напиша Јанчев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.