Според неофицијални информации, на една локација во земјава се одвива драматична ситуација – вооружено лице наводно држи неколку лица во заложништво. На терен се распоредени голем број полициски сили, а атмосферата е крајно напната.
Иако сè уште нема официјална потврда, се шпекулира дека сторителот претходно извршил двојно убиство – неофицијално, се работи за вујко кој ги застрелал својот внук и својот зет.
Сè уште не е познато дали има и други повредени, а полицијата засега не споделува детали со јавноста.
Се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи кое треба да ги потврди или демантира овие информации.
Извор: 24info
