HomeАктуелноЗапочнаа активностите за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти

Започнаа активностите за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти

Започнаа активности за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти, информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На просторот од старото игралиште се гради ново мултифункционално спортско игралиште. Во моментов се врши расчистување на теренот, а потоа следува санација на ѕидовите, поставување на нова ограда и поставување на нови реквизити, велат во соопштението.

Воедно додаваат дека целта на локалната е овозможување на вистински можности за правилен раст и развој за најмладите, а со реализацијата на ова игралиште ќе се поттикнат и активираат младите да се дружат и да развиваат здрави навики.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.