HomeАктуелноЗасилени контроли во Охридското Езеро – одземени мрежи и 300 парчиња охридска белвица

Засилени контроли во Охридското Езеро – одземени мрежи и 300 парчиња охридска белвица

Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов”, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро. Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел”, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од 100 метри  и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица. Дополнително, во предел обраснат со трска кај струшкото село Калишта, пронајден е чамец се две кофи со рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор. Пронајдените предмети, по насоки на Јавен обвинител и запознавање на инспектор по рибарство од Државен инспекторат за земјоделие и водостопанство, се подигнати за понатамошна постапка, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.