HomeАктуелноЗасилени сообраќајни контроли на патиштата ширум земјава

Засилени сообраќајни контроли на патиштата ширум земјава

Во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.