HomeАктуелноЗа една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила

За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во периодот од 01.08. до 07.08.2022 година, како што соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар, со помош на нивни специјални возила „Пајак“ отстранети биле 85 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 66 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ информираа дека со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улицитe.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.