HomeАктуелноЗголемен број интервенции на отворен простор, ТППЕ Охрид со апел за одговорно однесување

Зголемен број интервенции на отворен простор, ТППЕ Охрид со апел за одговорно однесување

ТППЕ Охрид периодов со зголемен број интервенции на отворен простор. Упатуваат апел за одговорно однесување од страна на граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради зголемениот број на интервенции на отворен простор во овој период од годината, споредбено со изминатите години, ТППЕ – Охрид упатува АПЕЛ до сите граѓани на Општина Охрид и Општина Дебарца, да се однесуваат совесно и одговорно, да не вршат потпалувања и да бидат внимателни при движење на отворен простор, велат од ТППЕ Охрид.

Информираат дека интервенција на отворен простор била спроведена и во текот на вчерашниот ден  по примена дојава за пожар кој влегува во територијата на националниот парк Галичица. При тоа било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.