HomeАктуелноЗемјотрес во соседството, почувствуван и во Македонија

Земјотрес во соседството, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Албанија, три часа по полноќ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Епицентарот се наоѓал на девет километри од местото Тропоја во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Потресот бил почувствуван во јужниот дел на Србија, во Црна Гора и во Северна Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.