HomeАктуелноЗемјотрес од 3,3 степени е почувствуван во вечерва во Македонија, познато каде е епицентарот

Земјотрес од 3,3 степени е почувствуван во вечерва во Македонија, познато каде е епицентарот

Вечерва во 21 часот и 59 минути е почувствуван земјотрес во подрачјето Битола- Лерин со јачина од 3,3 степени по Рихтер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.03.2023 година регистрираше земјотрес 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.