HomeАктуелноЗетот на градоначалникот на Подградец одгледувал марихуана во охридското село Оровник

Зетот на градоначалникот на Подградец одгледувал марихуана во охридското село Оровник

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Подградец одгледувал марихуана во охридското селото Оровник, јави Ора њуз телевизија, пренесува МИА.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана, наведува телевизијата.

Според истиот извор, во акцијата биле уапсени десет лица, меѓу кои и зетот на градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, за кој се вели дека бил „сопственик во сенка на оваа фабрика“.

Во кусиот телефонски разговор Џаколи рекол дека зетот е на одмор во Турција и негирал каква било поврзаност на неговиот зет во ова нелегална активност.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.