Со голема чест и одговорност, Движење ЗНАМ – За Наша Македонија ја претстави листата на кандидати за советници во Советот на општина Охрид. Носителка на листата е м-р Марина Ѓоргоска, директорка на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид, со повеќе од 20 години искуство во образованието.
„Нашата цел е Охрид да биде град со план, ред и можности за сите граѓани. Веруваме во идеи и решенија, а не во поделби,“ истакнаа од ЗНАМ.
Главни приоритети на програмата
- Туризам 365! – целогодишен туризам со нови содржини и поддршка на туристичките работници.
- Улици без дупки! – подобра инфраструктура и уредени тротоари.
- Паркинг без мака! – повеќе јавни паркинзи и дигитални решенија за сообраќајот.
- ♻️ Чисто, а не срамно! – современ систем за отпад и јавна хигиена.
- Град што дише! – паркови, дрвореди и велосипедски патеки.
- Ред во урбанизмот! – транспарентни процедури и ослободување на јавни површини.
- Учиме во 21-ви век! – модерни училишта и нови градинки.
- Работа за секого! – поддршка за стопанството, земјоделците и малите бизниси.
- Култура што инспирира! – поддршка за фестивали, спорт и културни настани.
- Солидарност за секој граѓанин! – грижа за пензионери и ранливи категории.
- Хуман град! – стационар за бездомни животни и хуман однос кон нив.
- Совет што слуша! – јавни трибини и транспарентна комуникација со граѓаните.
Носител на листа – м-р Марина Ѓоргоска
Марина Ѓоргоска е родена во 1980 година. Таа е магистер по методика на математиката и повеќе од две децении работи како наставник. Последните четири години ја извршува функцијата директор на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.
Како сопруга и мајка на две деца, Ѓоргоска е препознатлива по чувствителност кон потребите на семејствата и младите. Позната е како личност со позитивна енергија, искреност и визија за подобар живот на сите охриѓани.

Грижата за Охрид – најголемото природно и културно богатство на Македонија – е наша најголема обврска, порача Ѓоргоска.
