Од СВР Охрид информираат дека на 09.10.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле небезбедно престигнување на места каде тоа е забрането (Охрид-16, Кичево-06).
Во Дебар, санкционирани се 06 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење (во населено место-03, надвор од населено место-03), додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
