HomeАктуелноИзвршен увид на локацијата каде беше опожарено возило на пратеник од Прилеп

Извршен увид на локацијата каде беше опожарено возило на пратеник од Прилеп

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Јавното обвинителство, по наредба на јавниот обвинител биле подигнати траги од лице место, кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот.

Јавниот обвинител издал и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​

Утрово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави дека било опожарено возило на пратеник од оваа партија. Потоа, СДСМ излезе со соопштение со осуда на палењето на возилото на пратеникот и побара надлежните институции да го расчистат случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.