Љубовта која светецот ја покажувал кон луѓето не се ограничувала само на верните, туку се протегала кон сите што барале пат до вистината.
Денеска е посветен на Свети Григориј Чудотворец, светител чие име низ историјата и преданијата останува симбол на вера, спасение и чудотворна помош. Роден како Теодор во 213 година, во Неокесарија, Григориј стекнал широка културна и образовна подготовка, изучувал реторика, право, философија, но со текот на времето почувствувал дека духовната мудрост што ја бара не може да ја најде во тогашните учења.
Тој се обратил кон христијанството, прифатил крштавање, го добил името Григориј и ја посветил својот живот на служба кон Бога и луѓето.
Како прв епископ на Неокерасија, Григориј покажа не само голема духовна определба, туку и силна организациска и пастирска способност, успеал да ја зацврсти заедницата, да ја шири верата, а истовремено да живее според строгите монашки правила и духовна строгост.
Но токму неговиот живот е обвиткан со приказни за чуда што ги потресуваат верниците до денес.
Според преданијата, Свети Григориј „им заповедал на злите духови, на водите и на гората“, лечел тешки болести, ги избавувал луѓето од страдања, пред гонителите станувал невидлив, можел да предвиди идни настани и да чита помисли, особини што го направиле Чудотворец.
Зборовите на народот и на духовните старци го запечатиле неговото име како светител што не само што ги почувствувал страдањата на човека, туку со молитва и вера покажал дека Божјата благодат може да пристигне таму каде што човечката надеж била исклучена.
Затоа, многумина верници го сметаат Свети Григориј како заштитник од зло, од завист, од неправда, од духовни напади, од болести, од душевни и телесни маки.
