Куќа изгоре во пожар што вчера вечер избувна во охридското село Ливоишта.
На лице место интервенирала екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво од Дебрца, кои ја добија битката со пламенот и успешно го изгаснаа пожарот, велат од терен.
Имено, објектот е речиси целосно уништен.
Според очевидци од селото, причината за пожарот е удар на гром.
извор: ТППЕ Охрид/ фото: ТППЕ Охрид
