HomeАктуелноИзлезе од печат книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ

Излезе од печат книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ

Излезе од печат книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик д-р Миле Д. Миќуновиќ, а во издание на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Во неа се опишани 32 места од каде е фотографирано езерото, информираат од Библиотеката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изнесени се преубави погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани и Трпејца на врвот на планината Галичица, па кон Св. Наум, во Албанија Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето, додаваат.

Книгата напишана на 224 страници содржи 394 фотографии и има современ дизајн.

Ова е 116-та книга на академик Миќуновиќ, а во месец април читателите имаа можност бесплатно да го преземат електронското издание.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.