Во тешка сообраќајна несреќа утрово загина 28-годишниот репрезентативецот на Португалија и актуелен фудбалер на англиски Ливерпул, Диого Жота пренесе познатиот шпански спортски весник Марка.
Несреќата се случила на автопат во близина на регионот Санабрија во Замора.
Фудбалерот на Ливерпул починал откако возилото во кое патувал со неговиот брат Андре, 26-годишен, исто така, професионален фудбалер од Пенафиел, излетало од патот, по што се запалило.
