ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на отворено и утрово нема активен пожар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово, денеска 28.07.2023 година, нема активни пожари на отворено во сумираната информација за последните (нрма активен пожар), но во последното деноноќие имало 19 пожари коишто биле изгаснати од страна на ангажираните од Системот за управување со кризи (СУК), а некаде потпомогнати и од локалното население. Конкретно согласно информациите во ЦУК, имало пожари во: Скопјеско 7, Велешко 2, Штипско 2, Кумановско 2, Струмичко, па по еден Валандовско, Струшко, Светиниколско, Кавадаречко и Тетовско. Генерално, при пожарите на отворено горела нискостеблеста вегетација и сува трева.
Службените извештаи се следните:
РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Штип, во која се наведува, дека во период од 10:50 до 11:45 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари и 10 жители од месното население, интервенирале во гасење на запалена ниска вегетација во атарот на с.Драгоево (Општина Штип); Во период од 10:50 до 13:00 часот со 3 ПП возила, 2 камиони и 10 пожарникари интервенирале во гасење на опожарена ниска вегетација и лозје кај м.в. Бојаџиева чешма-Штипско (Општина Штип);
РЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, во која се наведува дека во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интревенции: во период од 08:05 до 16:30 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари гаснеле запалена депонија во подрачјето на С.Ц. „Борис Трајковски“. (Општина Карпош); Во два наврати и тоа: во период од 09:35 до 11:00 часот и од 11:40 до 13:15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација во с.Страчинци. Вкупно опожарена површина е околу 5.000 м2 (Општина Гази Баба). БППЗ во период од 21:05 до 01.15 часот интервенирале на запалено ѓубриште во атарот на с. Долно Количани на површина од 5000 м2. Интервенирале на лице место со 2 ПП возила и 5 пожарникари (Општина Студеничани). Исто така во текот на изминатото деноноќие имала уште (6) шест интервенции поради запалена ниска вегетација на разни локации во градот и околината.
РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола дека во период од 20.10 до 21.00 часот интервенирале на пожар во стан на ул. „Димче Лахчански“ бр.61/3. Интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Се пренесува информацијата дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.
РЦУК Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 13:00 до 15:15 часот, со 3 ПП и 15 пожарникари гаснеле опожарена ниска вегетација и смреки од површина од 10 хектари во с. Црквино. Известуваат дека пожарот повторно е активен од околу 17:45 часот, интервенирале со 7 пожарникари и 2ПП возило. Пожарот е изгаснат во 19.30 часот.
ТППЕ Кавадарци, во период од 14.50 до 15.50 часот, итервенирале со 2 пожарникари и 1 ПП возило на пожар на отворен простор во близина на фабриката „Еуроникел“ с. Возарци. Горела ниска вегетација.
ТППЕ Свети Николе, во период од 11:00 до 13:20 часот, со 2 ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на опожарен дел од објект штала што била лоцирана на влезот во село Ерџелија во која изгореле свињи – маторица и неколку прасиња, а од истиот пожар е запалена и тревата околу објектот на отворено.
РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струга дека, во период од 18:50 до 20:45 часот, со 1 ПП возило и 1 пп возило теренец со 5 пожарникари, интервенирале на запалена ниска вегетација на с. Корошишта.
РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово во која се наведува дека во период од 17,40 до 21,24 со 2 возила и 6 пожарникари интервенирале на опожарено ниска вегетација во атарот над селата Речица и Ваксице.
ТППЕ Куманово во период од 18.50 до 21.30 часот ,интервенирале со 1 возила и ,3 пожарникари на гаснење пожар на ниска вегетација во атар на с.Речица. Исто така во изменатото деноноќие имале уште една помла интервенција.
