HomeАктуелноИзречена 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Изречена 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност на патиштата денеска (17 декември) од 10 до 15 часот беше спроведена акциска контрола за брзина, во која се откриени и законски
санкционирани 96 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-54 и ГВ-42).Пет од пречекорувањата на брзината биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-3 и ГВ-2), 25 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-15) и така натаму.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Покрај ова, санкционирани се и 65 пречекорувања на брзината во населено место(ТЕ-43 и ГВ-22), како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.На сите возачи-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби и со заштитни мерки, зависно од големината на пречекорувањето, односно со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

СВР Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат сите важечки знаци, правила и прописи, со што непосредно ќе придонесат за посигурни патишта во регионот и пошироко.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.