HomeАктуелноИзречени 98 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени 98 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

На територијата на СВР Битола, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот,  спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 98 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, од нив, 73 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.