По низа скандали веќе неколку месеци наназад со редовната линија Охрид-Скопје од превозникот „Македонија сообраќај“, вчера и опожарен автобус на Стража, институциите и понатаму во молк.
Редакцијата на powerinfo.mk веќе неколку месеци бурно ја следеше оваа линија по низа скандали и жалби од патници кои го користеа јавниот превоз од редовната линија на „Македонија сообраќај“.
Вчера, од ЦУК инфомираа дека на 01.09.2023, во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар.
Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник, додека увид извршила увидна екипа на МВР.
Скоро и да не постои медиум кој вчера не ја информираа оваа вест, но, за разлика од веста пред неколку месеци кога на патот Охрид – Кичево, кај селото Извор се запали автобус на „Галеб“ и беше откриена фирмата, овој пат во јавноста името „Македонија сообраќај“ вешто се прикрива.
Кој има корист од тоа? Автобуси се палат по македонските патишта, а интитуциите и понатаму во молк и криење за лични интереси.
Имено, редакцијата на powerinfo.mk пред три месеци објави срам на овој превозник каде патниците на пеколни температури беа приморани да се возат без клима уреди.
Имено, истиот ден истиот тој автобус не пристигна до посакуваната локација. На 23 јуни на редовна линија на релација Скопје-Охрид, на 33 степени тргна кон Охрид без клима уред, по краткото возење на патарината кај Тетово патниците беа приморани испаничено да напуштат автобусот кој чадеше и на топлите температури да седат на сред автопат и да се убедуваат со превозникот да биде пуштена замена бидејќи автобусот чадеше од десната страна.
Превозникот и возачот ги убедуваа патниците да се вратат во автобусот и да уверуваат дека ништо нема да се случи, сведочи патник.
По долго убедување од страна на патник беше завртен бројот 192 каде од патниците беше повикано на итен технички преглед на автобусот, но, од страна на полицијата беше посочено дека тие не се надлежни за истото.
За среќа, тој ден по долго убедување и неколкучасовно чекање на патниците на автопат Скопје-Тетово, автобусот беше заменет со друг, со цел патниците да ја добијат услугата која е платена. И тоа на барање на патниците, а не на совеста на превозникот.
Денес пак МВР со апел до граѓаните кои патуваа во линијата да пријават штети или некоретно однесување на полицајци, апелира СВР Тетово по денешниот пожар на автобусот на Стража.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните-патници кои денеска (1 септември) се превезувале со автобусот во кој настанал пожар во близина на месноста Стража, а на кои им се изгубиле, оштетиле или им изгореле нивни лични предмети, тоа да го пријават во најблиската полициска станица. Граѓаните се упатуваат, исто така, доколку имаат забелешки на однесувањето на некој полициски службеник кој во тоа време го обезбедувал местото на пожарот или учествувал во увидот, да поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола, професионални стандарди и криминалистички истраги за да се преземат адекватни мерки, велат од СВР Тетово.
Но, превозникот и понатаму останува занемарен, бидејќи за среќа во несреќа нема повредени или загинати патници.
Се прашуваме до кога институциите ќе ги газат граѓаните за профит на бизнисмените?! До кога животот на граѓанинот ќе биде помалку вреден од профитот на бизнисменот?!
Подготвил: Е.Р
