И на државен празник, тимот на Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар од Движењето „Знам за наша Македонија“, продолжува со интензивни активности за чистење на општината.
„Работиме турбо и на празник. Денеска, до овој момент го исчистивме поголемиот дел од Центар – неколку населби, 4-5 главни сообраќајници и повеќе од 30 станбено-сервисни улици“, изјави Лабудовиќ.
Со помош на механизација и логистичка поддршка од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, подигнати се неколку десетици тони смет од Водњанска, целиот реон на Водно, Васил Ѓоргов, поголемиот дел од Капиштец, како и булеварот Климент Охридски од двете страни. Целосно е исчистен и сметот од населбите Кале и Пролет.
„Продолжуваме со чистење на Маџир Маало и другите центарски маала. Центар мора да биде чист! Нема да дозволиме општината да стане жариште на зарази поради нечија негрижа. Ние сме тука и ќе продолжиме да работиме во служба на граѓаните“, порача Лабудовиќ.
Со ваквите активности, тимот на „Знам за наша Македонија“ уште еднаш покажува дека посветеноста кон граѓаните не зависи од датумот на календарот, туку од желбата за вистинска промена и уредна општина.
