HomeАктуелноИНТЕРНАЦИОНАЛНА УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА „ДЕБРЦА-2023“

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА „ДЕБРЦА-2023“

Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески. Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година.

На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа :

1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид

2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје

3. Маестро Запро Запров – Скопје

4. Г-дин Војдан Запров – Скопје

5. Натали Николоска – Скопје 6. Андреј Антевски – Куманово ( најмладиот учесник на овогодинешната Колонија)

Странски автори

1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул)
2. Петар Бељашки – Бугарија

3. Велислава Пожгорска – Бугарија

4. Светлана Солодова – Русија.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство, велат организаторите.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.