HomeАктуелноИнформативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување 2025 во Охрид

Информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување 2025 во Охрид

Во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, во среда (25.06.2025 година) во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На овие средби покрај заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе бидат присутни и претставници од Општина Охрид, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.