Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по победата на локалните избори изјави дека уште веднаш по примопредавањето на функцијата ќе стартува со активности за подобрување на состојбите во главниот град.
Веднаш по земањето на уверението, се обврзувам дека ќе се борам за да ги поправиме состојбите. Сакам искрено да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се групираа, се собираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денес ги поразивме сите. Имаше и ниски удари и удари под појас, затоа посебно им се заблагодарам и на моето семејство, порача Ѓорѓиевски пред неговите поддржувачи.
Според официјалните резултати на ДИК од 98,69% обработени податоци – Ѓорѓиевски освоил 94.633 гласови, додека кандидатот на Левица, Амр Мециновиќ, добил 60.528 гласови.
