HomeАктуелноИ Левица повикуваат на собирање потписи за кандидатурата на проф. д-р. Ваковска

И Левица повикуваат на собирање потписи за кандидатурата на проф. д-р. Ваковска

Во тек е собирањето на 10.000 потписи за поддршка на  проф. д-р. Билјана Ванковска – кандидатка од Левица за Претседателка на Република Македонија на престојните претседателски избори.
КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПОТПИШЕТЕ:
Понесете лична карта или пасош за идентификација во подрачната канцеларија на ДИК;
Упатете се во просториите на ДИК во зградата на Општина Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 57, Охрид.
Известете ги вработените во ДИК дека сакате да се потпишете на Образецот за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Македонија за Билјана Ванковска-Цветковска;
Покажете го својот документ за идентификација и внесете го вашето име, презиме, матичен број и потпис на образецот.
РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ДИК: Од понеделник до недела (секој ден вклучувајќи викенд) од 08:00 до 20:00 часот.
фото: Левица
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.