HomeАктуелноКалендар на МПЦ-ОА: Св. маченик Талалеј

Календар на МПЦ-ОА: Св. маченик Талалеј

Денеска е 20-ти мај, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. маченик Талалеј.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар.

Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.

Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.

Тропар

Откако се покажа како сострадалник оружник на мачениците, стана извонреден војник на Царот на славата; со искушенија и маки си ги уништил олтарите на идолослужителите, затоа го воспеваме твојот чесен спомен, мудри Талалее.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.