HomeАктуелноКасами по дојавите за бомби во Тетово: Зголемен е надзорот во училиштата, сите да останат смирени

Касами по дојавите за бомби во Тетово: Зголемен е надзорот во училиштата, сите да останат смирени

По дојавата за поставени бомби во двете основни училишта во Тетово, градоначалникот Билал Касами соопшти дека се преземаат мерки за поголем надзор во училишните објекти и повика на смиреност за да не се создава паника.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

–Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуации. Образовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државата. Имајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни. Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола, изјави Касами,

По дојавата дека има поставено бомби во двете основни училишта „Лирија“ и „Кирил и Методиј“, учениците и наставниците по наредба на полицијата и надлежните ги напуштиле училишните објекти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.