HomeАктуелноКичево: Приведен 27 годишник, при претрес во неговиот дом биле пронајдени револвери и муниција

Кичево: Приведен 27 годишник, при претрес во неговиот дом биле пронајдени револвери и муниција

На 12.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ј.Н.(27) од Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле два револвери „Екол Випер“, 19 куршуми, 21 сачми од ловечки патрони и 14 испукани ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.