HomeАктуелноКичевчанец излетал од коловозот кај месноста „Бел мост“

Кичевчанец излетал од коловозот кај месноста „Бел мост“

Потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека на 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост“, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.